ПРОТИВ ИРАН СЕ ВОДИ ФИЗИЧКА И ПСИХОЛОШКА ВОЈНА Израел не може да ја елиминира Оската на отпорот

Да не беа луѓе како маченикот (Јахја) Синвар, кој се бореше до последниот момент, или да нема големи луѓе како маченикот Хасан Насрала, кој ги комбинираше џихадот, мудроста, храброста и жртвата, судбината на регионот ќе беше одредена на поинаков начин, рече иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, на конференција во Техеран.

222

Иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во четвртокот изјави дека против Техеран и Оската на отпорот, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах, се води и физичка и психолошка војна и нагласи дека е неопходно да се зајакнат одбранбените способности.

Тој ја истакна „неспособноста на израелскиот режим“ да ја елиминира Оската на отпорот, иако во израелските напади на Појасот Газа и Либан биле убиени повеќе од 50.000 луѓе, пренесува Ал Мајадин.






– Да не беа луѓе како маченикот (Јахја) Синвар, кој се бореше до последниот момент, или да нема големи луѓе како маченикот Хасан Насрала, кој ги комбинираше џихадот, мудроста, храброста и жртвата, судбината на регионот ќе беше одредена на поинаков начин – рече Хамнеи на конференција во Техеран.

Поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, беше убиен во израелските напади на Бејрут кон крајот на септември, додека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во Газа порано овој месец.

Поврзани содржини