ПРОТИВ ХОЛАНДИЈА БЕЗ ЈАГУРИНОВСКИ Лазаров го повика Савревски да го замени

Јагуриновски предвреме го напушти теренот на средина од првото полувреме на вчерашниот натпревар против Норвешка и според информациите од македонскиот табор станува збор за повреда на скочниот зглоб.

449

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за утрешниот натпревар од второто коло на Светското првенство нема да може да смета на услугите на десниот бек Томислав Јагуриновски поради повреда.

Јагуриновски предвреме го напушти теренот на средина од првото полувреме на вчерашниот натпревар против Норвешка и според информациите од македонскиот табор станува збор за повреда на скочниот зглоб.






На негово место дополнително е повикан ракометарот на шампионот Вардар 1961, Давид Савревски.

Македонската репрезентација го почна настапот на Светското првенство со висок пораз вчера во Краков од Норвешка од 39-27, а во второто коло во рамки на групата Ф утре од 18:00 часот ќе игра против Холандија.

Поврзани содржини