ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА ПРОТИВ ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА Маж предизвика инцидент со автомобил

Денешниот протест е трет по ред откако демонстрантите во последните две саботи го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.

471

Демонстранти против експропријацијата во Србија  денеска го блокираа автопатот во Белград. Собирот започна на три места – Панчевски мост, пред ТЦ Ушче и кај Сава центар.

Протестот траеше 1 час со блокада на автопатот во двете насоки. Набргу по запирањето на протестите и ослободувањето на сообраќајот, дојде до инцидент.






Непознат маж со својот автомобил удри демонстрант, по што демонстрантите му ги искршија стаклата на автомобилот.

– Нека вози, гледаш дека е пијан. Пушти го – извикуваа демонстрантите.

Еден демонстрант за nova.rs изјави дека „очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот“.

На протестот присуствуваше и Ратко Ристиќ, проректор на Универзитетот во Белград.

– Ова мора да се поддржи – изјави тој.

Денешниот протест е трет по ред откако демонстрантите во последните две саботи го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.

Во изминатите две недели имаше протести против Законот за експропријација и измените на Законот за референдум.

Вучиќ експресно нареди повлекување на Законот за експропријација, а Собранието вчера го измени Законот за референдум, иако само неколку дена претходно го донесе во првобитната форма.

По исполнувањето на примарните цели, протестот продолжува викендов со ново барање – се бара целосна забрана на Рио Тинто во Србија.

Поврзани содржини