Протести на Маурициус, излеана нафта усмрти десетици делфини
Новиот протест треба да биде на 12 септември во Махебург, една од населбите на брегот на островот, која беше најтешко погодена од инцидентот со истурање на нафта.
Неколку десетици илјади демонстранти на Маурициус денеска се собраа за да изразат незадоволство од бавниот одговор на Владата на излевањето нафта од јапонски брод и шокантното откривање на десетици мртви делфини во последните неколку дена.
Некои говорници на протестот во Порт Луис ги повикаа највисоките функционери да поднесат оставка, а се уште нема никаков коментар од Владата.
Освен во Маурициус, протести се одржаа и во Лондон, Париз и Перт.
Новиот протест треба да биде на 12 септември во Махебург, една од населбите на брегот на островот, која беше најтешко погодена од инцидентот со истурање на нафта.