Протести и референдум најавија од иницијативата „Учебници и настава мора да има“

Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија, додаваат од граѓанската иницијатива.

292

На денешната прес-конференција пред МОН од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ најавија организирање на мирен Марш во Скопје, како и протести во сите други градови против дигитализацијата на учебниците, и против новиот Закон, како и иницирање на иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници

– Ја покренуваме оваа иницијатива за стопирање на донесувањето на овој избрзан закон. Почнуваме со организирани и координирани мирни протести во сабота, 15 мај во 12:00 часот. Потоа, продолжуваме со поднесување на граѓанска иницијатива за задолжителен референдум против овој закон – изјава Драгана Спасевска од граѓанската иницијатива.






Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија, додаваат од граѓанската иницијатива.

Ваквата одлука следува откако до крајот на вчерашниот ден, тие не добиле официјален одговор од Министерството за образование и наука по однос на нивните барања доставени и разговарани на работната средба одржана на 6 мај со претставници на МОН.

Поврзани содржини