ТЕТОВЧАНИ СЕ СТЕПАА СО ПОЛИЦИЈАТА Бараат оставки за градоначалничката и за Владата (ОБНОВЕНО)
Тетовчани се гневни на градоначалничката Теута Арифи и на Владата и бараат итни оставки, а последно што е познато е дека тие се упатија директно во седиштето на ДУИ во Мала Речица и се степаа со полицијата која го обезбедуваше објектот. Протестот трае, а неколку телевизиски екипи уште се таму.
Јајца и камења летаа кон општинската зграда во Тетово на протест кој од мирен стана насилен. Тетовчани се гневни на градоначалничката Теута Арифи и на Владата и бараат итни оставки, а последно што е познато е дека тие се упатија директно во седиштето на ДУИ во Мала Речица и се степаа со полицијата која го обезбедуваше објектот. Протестот трае, а неколку телевизиски екипи уште се таму.
ТВ24 успеа да направи снимка од немирите.
Целосно расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во која загинаа 14 лица, бараат граѓаните кои денеска учествуваа во протестниот марш во Тетово.
Демонстрантите протестот го почнаа од плоштадот. Потоа тие се упатија до зградата на Општина Тетово, на која фрлаа со јајца. Пред општинската зграда зборуваше Блерим Ахмети, организатор на протестот, кој побара оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и од Владата, пишува Порталб.
Демонстрантите поставија транспарент пред општинската зграда.
Во страшниот пожар кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со ковид-19 кои биле на лекување.