Протест во Железара: Време е надлежните да стават крај на дивеењето на улицата Коце Металец

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе продолжат со блокада на улицата и во наредните денови во периодот од 16.30 до 18 часот.

405

Неколку десетици жители на скопската населба Железара попладнево со блокада на улицата Коце Металец го продолжија неколкудневниот протест со кој бараат надлежните органи да преземат мерки за ограничување на брзината на движење по оваа улица, која ја поврзува Автокоманда со Бутел.

Директен повод за протестот е минатонеделната сообраќајна незгода при која возило „ауди А5“ движејќи се со голема брзина удри во 45-годишна жена пешак, која им подлегна на повредите.






Организаторите на протестот велат дека нема да дозволат ова да остане уште еден заборавен случај и уште еден згаснат живот.

Тие бараат властите да преземат мерки за ограничување на брзината низ улицата Коце Металец со поставување на лежечки полицајци, зајакнати полициски контроли или со нејзина реконструкција со цел таа да се направи побезбедна за пешаците и велосипедистите.

Учесниците на протестот апелираат и до жителите на останатите населби кои се соочуваат со ист или сличен проблем да го кренат гласот и да не дозволат дивеење по улиците.

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе продолжат со блокада на улицата и во наредните денови во периодот од 16.30 до 18 часот.

 

Поврзани содржини