Протест во Киев против политиката на Зеленски

На протестот учествуваат неколку стотици лица, а некои од нив носат знамиња на различни националистички организации.

301

Во центарот на Киев се одржува протест против политиката на украиснкиот претседател Володимир Зеленски.

За време на прес-конференцијата, посветена на првата годишнина од неговото стапување на претседателската функција на 20 мај, Зеленски изјави дека нема да биде во можност да ги исполни своите обврски за време на еден претседателски мандат. Тој додаде дека ќе размисли за втор претседателски мандат, иако за време на предизборната кампања постојано наведуваше дека ќе се кандидира само за еден мандат. Шефот на украинската држава нагласи дека не е задоволен од постигнатото за една година.






На протестот учествуваат неколку стотици лица, а некои од нив носат знамиња на различни националистички организации. Демонстрантите изразуваат незадоволство од постапките на власта, вклучувајќи и во однос на Донбас.

Поврзани содржини