Утре со почеток од 18 часот, натпартиска иницијатива повикува на протест пред Владата, каде, како што наведува, заедно ќе се искажа гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија.
Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе се побара оставка и одговорност од сите министри за здравство!
„Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години. Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен! Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!
1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
2. Бараме одговорност од замениците-министри за здравство Илир Хасани и Маја Манолева.
3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.
4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи“. се наведува во соопштението.