ПРОТЕСТ ПРЕД „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Родители не ги пуштаат децата на училиште поради насилен соученик

Според родителите, ученикот имал образовен асистент додека бил во прво и второ одделение, но истиот не му бил обезбеден во трето и четврто, што довело до низа инциденти во училницата.

2,012

Родителите на 17 ученици од четврто одделение утрово излегоа на протест пред основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, барајќи итно решение за, како што велат, сериозниот проблем со еден од учениците кој минатата недела нападнал наставничка и претходно покажувал насилно поведение и кон други ученици.

Според родителите, ученикот имал образовен асистент додека бил во прво и второ одделение, но истиот не му бил обезбеден во трето и четврто, што довело до низа инциденти во училницата.






– Досегашните мерки што ги презеде училиштето, за жал, не резултираа со подобрување на состојбата. Бараме итна интервенција од надлежните институции. Исто така бараме физичка и психолошка безбедност за сите ученици и наставници – порачаа родителите.

Поврзани содржини