Протест „Правда за Кољо“ во Ново Лисиче (ВИДЕО)

Во најавата за протестот денеска стоеше: "Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем" и "Да излеземе сите заедно“. Во чест на еден прерано згаснат живот.

2,441

Со скандирање Правда за Кољо, попладнево во 18 часот во Ново Лисиче започна протестот „Правда за Кољо“  поради тригодишната казна за убиецот на младиот кошаркар Никола Христовски.

Голем е револтот на граѓаните кои протестираат поради минималната 3-годишната затворска казна на која е осуден скопјанецот А.Т. (18) кој беше обвинет за убиството на 17-годишниот Кољо.






Јавноста досега нема објаснување зошто казната за ова убиство изнесува под најмалата затворска казна за ова дело која е пет години.

Во најавата за протестот денеска стоеше: “Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем” и “Да излеземе сите заедно“. Во чест на еден прерано згаснат живот. Во чест на нашиот брат, Никола Христовски – Кољо. Да покажеме дека овој трул, нефункционален и заробен систем НЕ функционира. Да го кренеме нашиот глас против нанесената неправда, против системот кој не казнува убиство”.

 

 

Поврзани содржини