Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Утре, задутре и в четврток посебен режим на сообраќај во Скопје

272

Поради најавен протест организиран од  ВМРО-ДПМНЕ утре, задутре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу булевар Гоце Делчев и булевар Крсте Петков Мисирков (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу булевар Св. Климент Охридски и улица Св.Кирил и Методиј (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу улицата 11-ти Октомври и улица Филип Втори Македонски (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини, како што посочуваат од МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.






Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поврзани содржини