ВМРО-ДПМНЕ со балони полни со вода кон МЗ: Филипче има срце и душа само за пусти пари ВИДЕО

824

„Здравје, а не провизии“, „Оставка на Филипче“, „Министерство за провизии“, беа едни од многуте  транспаренти на протестот на ВМРО ДПМНЕ пред Министерството за здравство. Присутните на денешниот протест со едноминутно молчење им оддадоа почит на починатите од ковид-19, по што побараа оставка од министерот за здравство Венко Филипче и одговодност од премиерот Заев Заев.

– Собрани сме денес овде по трет пат пред оваа зграда позади мене која има назив Министертво за здравство и за жал неа ја раководи министер за мото трки. Знам дека тој нема душа и срце да го разбере нашиот револт  и нашиот ризик да протестираме во ек на најголема пандемија. Знам дека тој има срце и душа само за пусти пари, знам дека нема ни срам, нема ни жал, ни доблест да се извини или не дај боже да се повлече. Напротив тој дури проба да ја префрли или сподели одговорноста. Напротив тој си се вози со мотори низ Македонија, а Македонија мака мачи и плаче што е најстрашно и најпонижувачки друштво му прави и Зоран Заев, рече таа. Филипче стана министер за мото трки и знам дека тој нема срце и душа да не разбере, тој има срце и душа за пусти проклети пари. Нема доблест да се извини – рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.






Претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски од протестот повика на оставка од Венко Филипче, како што го нарече, министер за здравство и провизија, затоа што додека во Македонија од коронавирус, дневно, животот го губат по 50 македонски граѓани, тој и луѓето од власта низ Македонија се шетаат со хеликоптери.

– И како што го поздравивме српскиот министер за здравство, да го поздравиме и нашиот министер за здравство и провизија. Убијци се оние луѓе кои што, кога во државата починуваат 50 луѓе одат како севернокорејци со хеликоптер да се шетаат низ државата – истакна Нелоски.

Од протестот под мотото „Да го измиеме срамот“, тој истакна дека вчера на секој еден час починувааt по двајца наши сограѓани, а луѓето од власта мува не ги лазе и се однесуваат како ништо да не се случило.

 

На крајот на протестот Нелоски заедно со луѓето кои со него се собраа да го искажат револтот кон министерството за здравство на чело со Венко Филипче и целокупната Влада предводена од Зоран Заев, фрлаа балони полни со вода кон зградата на министерството за, колку толку, да им го измијат срамот.

Поврзани содржини