ПРОТЕСТ НА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ Ништо не може да го оправда масакрот на дрвјата ГАЛЕРИЈА + АУДИО
Професорката Дивна Пенчиќ, која ја интервјуиравме на протестот, има многу забелешки и на изведбата на реконструкцијата на улицата Орце Николов.
Коалицијата на локални граѓански здруженија Зелен хуман град денеска организираше протест против ненајавената сеча на дрвја на улицата „Орце Николов“, на кој учествуваа повеќе жители на скопско Дебар Маало
Граѓаните протестираа против, како што вели организторот, неодговорниот и манипулативен однос на властите, кои го оправдуваат овој најнов масакр врз кревкото градско зеленило со наводна дотраеност на дрвјата, иако повеќето од исечените дрвја беа со зелени крошни и обезбедуваа воздух и сенка за локалните жители.
На протестот беше и професорката Дивна Пенчиќ, која предава урбанизам на Архитектонскиот факултет во Скопје. Професорката има прилично голем број забелешки не само околу сечата на дрвјата туку и околу проектот и околу тоа како новите инсталации за вода, струја и атмосферска канализација ќе бидат спроведени во улицата Орце Николов.
Ова е интервјуто што со неа го направивме на местото на настанот.
Општина Центар претходно соопшти дека е издадено за отстранување на 13 дрва, а отстранети се осум, за кои е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрва и претставуваа опасност за граѓаните и за минувачите. Отстранетите дрва ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници.
Фотографии од денешниот протест: