ПРОТЕСТ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА ОД ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“ Не дозволуваат игралиштето да се издава на приватна фирма
Родители нa деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопската населба Капшиштец протестираат поради изнајмувањето на спортското игралиштето на приватна фирма. Нивните деца нема да можат да го користат игралиштето попладне, за викенди и за време на летниот распуст.
Оштина Центар за утре (понеделник, 9 мај) најави состанок со претставници на родителите, за да се најде соодветно решение.
Родителите и жителите на Капиштец се револтирани од одлуката на дирeкторката на училиштето и се заканија дека нема да дозволат да се распродава имот на училиштето, за некој да си прави приватни бизниси.