Протест „Монструм“: Организаторите велат дека е лажна вест, МВР ги демантира

Членот на семејството на дел од обвинетите во случајот „Монструм“ и организатор на многу протести против монтираните случаи, Бедри Ајдари, се дистанцираше од протестот најавен денес против монтираните случаи.

807

Најавениот протест за денеска како израз на револт за осудителните пресуди во предметот „Монструм” нема да се одржи. Огранизаторите на протестот велат дека тие не го закажале денешниот протест, додека од МВР велат дека токму еден од нив го пријавил.

На социјалната мрежа „Фејсбук“, Блерим Ахмеди, кој се спомнуваше како организатор на најавените протести ја демантира полицијата и вели дека протест ќе има на 2 април.






– Почитувани сонародници, Ве известувам дека протестот ќе се одржи на 02.04.2021 во 13:30 часот. Најавата од Министерството за внатрешни работи за денешниот протест е „Лажна вест“ само за да се доведе во заблуда населението. Од оваа пропаганда на моќ, не прави да разбереме дека се плашат од протести! Ги повикувам сите да се придружат на 02.04.2021 во 13:30 часот во паркот Чаир и да маршираат кон Владата. Со почит, организацискиот совет на протестите – стои во објавата на „Фејсбук“, која ја сподели Ахмеди.

Членот на семејството на дел од обвинетите во случајот „Монструм“ и организатор на многу протести против монтираните случаи, Бедри Ајдари, се дистанцираше од протестот најавен денес против монтираните случаи.

Тој вели дека не знае кој е организатор на денешниот протест

– Јас не го организирам денешниот протест, не знам дали воопшто ќе се одржи. Не го познавам организаторот, но можеби некој се организирал во име на сите монтирани случаи, не знам – рече Ајдари за „News33“.

Од Mинистерството за внатрешни работи за Плусифно ја демантираа лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот.

– Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење. Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста – велат од МВР за Плусинфо.

Поврзани содржини