Протест пред Владата за слобода на осудените во 27 април: Правдата не смее да биде слепа!

Организаторите на протестот апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа

774

Мирен  протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ почна  пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.






За влезот во Собранието во 2017 година, судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелација подоцна ги намали казните, но за само една и две години. Единствен ослободен од вината беше Игор Дурловски, со чија изведба на македонската химна денеска ќе почне овој протест.

На протестот граѓаните ги повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11часот пред Влада“ , напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

ФОТО: Република

 

Поврзани содржини