ПРОТЕКОА МЕЈЛОВИТЕ Илон Маск до вработените: Ако не го направите ова, оставка!
Маск испратил два мејлови до сите вработени во „Тесла“ во првата недела од октомври.
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, наводно ги замолил менаџерите кои не ги исполнуваат неговите наредби или не објаснат зошто тој не е во право, да дадат оставка веднаш.
До овие податоци дошол „Си-Ен-Би-Си“, по пат на „протечените“ мејлови од компанијата на Маск.
Маск испратил два мејлови до сите вработени во „Тесла“ во првата недела од октомври.
Во тој период, Tesla испорача рекордни 241.300 возила во текот на третиот квартал од годинава и „Full Self Driving Beta“ програмата, а подоцна беше ставен на чекање поради загриженоста за безбедноста.
Компанијата исто така го изгуби спорот поради тужби кои ги поднеле поранешни вработени, а кои изјавиле дека биле вознемирувани на работна основа додека работеле како агенциски службеници.
Тој напишал дека не му пречело вработените да слушаат музика преку слушалки се додека едното уво е слободно за да можат да слушаат безбедносни предупредувања во фабриката.
Маск додал дека се согласува да пушта музика на звучници доколку вработените успеат да се договорат што ќе се пушта. Тој на крајот ги поканил вработените да го контактираат со нивните предлози за тоа што би можело да им го поправи денот на работа бидејќи „се грижел да се радуваат што ќе дојдат на работа секој ден“.
Вториот мејл е напишан со поостар тон и им овозможува на вработените да знаат што се очекува од неговите менаџери кога ќе им испрати е-пошта со инструкции. Тој навел три опции.
Првата опција е да му објасните што точно греши, бидејќи како што вели понекогаш и тој едноставно греши. Друга опција е да побараат појаснување ако не им е јасно што бара од нив. Третата е да постапат точно како што им рекол.
„Доколку не направи ништо од горенаведеното, менаџерот ќе мора веднаш да поднесе оставка“, заклучил Маск.