ПРОТЕКОА ФОТОГРАФИИ ОД ТАЈНАТА ВЕНЧАВКА Кортни и Тревис без дозвола (ФОТО)

На нејзиниот официјален профил се појавија фотографии кои јавноста досега немала можност да ги види.

1,058

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан на својот инстаграм-профил не престанува да шокира, особено кога влезе во романса со музичарот Тревис Баркер. Кортни редовно објавува фотографии со својот нов избраник на својот Инстаграм, а сега направи хаос со комплет фотографии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)






Имено, на нејзиниот официјален профил се појавија фотографии кои јавноста досега немала можност да ги види. По веста дека тајно се омажила за Тревис во Лас Вегас, сега се појавија и фотографии од венчавката, како што вели, кои ги нашла во својот мобилен телефон.

– Ги најдов овие фотографии на телефонот. Некогаш во една далечна земја (Лас Вегас) во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот згоден крал се осмелиле да отидат во единствената отворена капела со Елвис и се венчале (без дозвола). Со важба до совршенство – напишала Кортни.

Извори блиски до парот рекоа дека ќе следат неколку свадбени прослави со многу помпа.

Кардашјан и Баркер се свршија на плажа во октомври 2021 година по врска од речиси девет месеци. Тапанарот ја запроси Кортни на плажата на хотелот „Rosewood Miramar Beach“ опкружен со црвени рози и бели свеќи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини