ПРОТЕКОА ФОТОГРАФИИ ОД ПОРАНЕШНИОТ НА МЕЛАНИЈА Себеси се опишувал како Џејмс Дин, но… (ФОТО)

Откако стана прва дама на Америка, медиумите веднаш почнаа да се интересираат за нејзиниот минат љубовен живот.

2,161

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, во браке е веќе 13 години. Со оглед на тоа што веќе долго време е во брак, тешко е да ја замислиме со друг маж освен со Доналд Трамп.

Но, пред да го изговори судбоносното „да“, на поранешниот претседател на Америка, Доналд Трамп, Меланија имала момчиња кои медиумите и да сакале не можеле да ги пронајдат откако таа е во брак.






Меланија го запознала Доналд на Модната недела во 1998 година кога имала 28 години. Иако Доналд тогаш бил во вториот брак со актерката Марла Мејплс (пред тоа беше во брак со Ивана Трамп), тоа не го спречило да ја повика интригантната Словенка на рандеву. Како што објаснила Меланија за медиумите: „Разменивме броеви и останатото е историја“.

По венчавката во 2005 година во Флорида, Меланија и Доналд го добиле синот Барон и набрзо потоа Трамп одлучил да се кандидира за претседател.

Штом ногата на Доналд зачекорила во Белата куќа, новинарите сакале да дознаат сѐ за неговата сопруга. Иако било тешко да влезат во трага на нејзиното минато, сепак, успеале да дојдат до една личност – Јуре Зорчиќ.

 

Меланија и Зорчиќ се забавувале додека атрактивната дама живеела во Словенија, поточно седум години пред да го запознае Доналд.

Беше како на филм. Беше топол летен ден 1991 година и тоа беше ново утро за политичката ситуација во нашата земја која беше опкружена со војната. Градот беше празен и блокиран од страна на војската. Возев мотор и на улица забележав девојка – која е таа? Поради тоа што многу ми се допадна, ја следев“, изјавил Зорчиќ за телевизијата Еј-би-си.

Според зборовите на Зорчиќ со Меланија бил во врска неколку години, а потоа таа кон средината на 90-тите години одлучила да ја напушти земјата и да ја побара својата професионална среќа во центрите на модата – Италија, Франција и на крај Америка.

Имено, како што пишуваше „Венити фер“ пред Доналд, Меланија не излегувала често на љубовни состаноци со други мажи и ова е единствениот за кој се знае.

Иако врз основа на приказната многумина очекувале да го видат Џејмс Дин од Словенија, по објавување на неговите фотографии постојат сомнежи дали воопшто се случувало нешто меѓу Меланија и Зорчиќ или, пак, ова е само една измислена приказна од негова страна.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини