ПРОТЕКОА ДОКУМЕНТИТЕ НА НАТО Русија сега може слободно да ја нападне Украина??

Со објавените документи, за кои е потврдено дека се протечени од Брисел, се потврдува негативниот одговор на САД и на НАТО, на барањето на Русја за добивање на писмени гаранции дека Алијансата во иднина нема да се шири на територијата на Источна Европа и Централна Азија.

2,645

Шпанскиот весник Ел паис објави документи од седиштето на НАТО во Брисел, со кои се потврдува намерата на воениот сојуз да не се откаже од своето окрупнување во иднина.

Со објавените документи, за кои е потврдено дека се протечени од Брисел, се потврдува негативниот одговор на САД и на НАТО, на барањето на Русја за добивање на писмени гаранции дека Алијансата во иднина нема да се шири на територијата на Источна Европа и Централна Азија.






Сепак, и претставниците на САД и оние на НАТО се подготвени и посветени на дијалогот со Русија, нудејќи неколку опции околу кои може да се постигне договор.

Од НАТО сметаат дека на ниту една земја во светот не смее да ѝсе ускрати можноста да членува во безбедносниот пакт, негирајќи дека Алијансата е насочена против Русија.

Руската страна претходно испрати список со барања до САД и НАТО, со цел да се смират тензиите околу Украина. Одговорот на руските барања од Брисел и Вашингтон досега не се објавени или потврдени од официјалните лица.

Според голем број на коментатори во светот, одбивањето да се издадат гаранции околу неширењето на НАТО на Исток, би можело да зачи и војна помеѓу Русија и Украина.

Поврзани содржини