ПРОТЕИНСКИ ЛЕБ ОД НАУТ И ОД ГРАШОК Нов производ на „Жито лукс“

372

Најголемиот производител на леб „Жито лукс“ го лансираше првиот протеински леб на пазарот кој е достапен до потрошувачите во сите поголеми и помали маркети и претставува вкусна и хранлива опција за сите кои се грижат за своето здравје.

Избалансираниот рецепт нуди високо количество на природни растителни протеини и ниско количество на шеќери и масти.






Со две парчиња од овој леб внесувате 10 грама протеини добиени од наут и од грашок. Природните протеини освен што помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите, го регулираат апетитот и го поддржуваат одржувањето оптимална телесна тежина, обезбедувајќи чувство на ситост подолго време.

Двојното пакување заедно со процесот на пастеризација овозможуваат овој леб да има долготрајна свежина без додадени конзерванси.

– Протеинскиот леб е наменет за спортски ентузијасти бидејќи помага во регенерација на мускулите по спортувањето, но и за сите оние со активен животен стил кои ја надополнуваат изгубената енергија преку здрава и избалансирана исхрана. Веруваме дека сите поборници на здрав живот ќе се вљубат во вкусот на овој производ, ќе ја препознаат неговата вредност и ќе го вклучат во своите секојдневни оброци со кои го одржуваат здравјето и благосостојбата – велат од „Жито лукс“.

Поврзани содржини