ПРОТЕИН ОД ПЕЧУРКИ ПРОТИВ ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ Улогата на микопротеинот во исхраната
Протеините се суштинска нутритивна компонента, но нивниот извор – животински или растителен – менува сѐ
Протеинот од печурки, микопротеинот, се користи во некои производи како замена за месо. Неодамнешните истражувања покажаа дека микопротеинот како замена за месо и риба може да помогне и значително да го намали нивото на холестерол.
Протеини од печурки во споредба со оние од месо и риба
Исхраната игра клучна улога во сите телесни системи. Протеините често се дел од добро балансирана исхрана и доаѓаат од различни извори. Истражувачите се заинтересирани за неживотинските извори на протеини и нивните придобивки за потрошувачите, вклучително и како тие влијаат на компонентите како што се холестеролот и нивото на гликоза во крвта.
Студијата објавена во Clinical Nutrition ја спореди исхраната со микопротеински производи, односно производи кои содржат протеини од печурки, со консумирање риба и месо во текот на четири недели. Резултатите од студијата покажале дека во групата која јадела микопротеин е забележан пад на одредени нивоа на холестерол и до 10 проценти.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.