ПРОТЕЧЕ ДОКУМЕНТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ СЛУЖБИ Русите ќе ја прегазат Украина со 175.000 војници?

Некласифицираниот документ на американската разузнавачка служба објавен од овој американски весник, а во кој има сателитски фотографии, покажува како руските сили се собираат на четири места. Во моментов на бојното поле се распоредени 50 тактички групи, заедно со „новопристигнатите“ тенкови и артилерија, се вели во документот.

5,161

Нов документ од американските разузнавачки служби ги протресе медиумите низ светот, а се работи за мапа во која Американците ги обележале движењата на руската војска, која, наместо досегашните 94.000 би можела да брои и до 175.000 војници кои треба да ја прегазат Украина оваа зима, пишува Вашингтон Пост. Информацијата доаѓа во време кога руската решителност да ги брани своите „црвени линии“ се судира со решителноста на Бајден да им помогне на своите сојузници.

Но, информациите кои пристигнуваат од САД и од Украина се различни, а вреди и да се спореди мапата која истовремено ја објавија нивните служби. Аналитичарите од трета страна, го тврдат она што изгледа досадно: нема да има војна, туку целта е Киев да капитулира и да се врати под руско влијание кое САД ќе биде принудена да го признае.






– Ни требаат прецизни правни гаранции бидејќи нашите западни колеги не ги почитуваа нивните соодветни усни обврски – рече рускиот претседател, додавајќи дека „сите знаат дека се дадени усни гаранции за непроширување на НАТО на исток“.

Во меѓувреме, американските нуклеарни бомбардери пресретнуваат руски цивилни авиони над Црното Море, а антиракетните системи во Полска и Романија се подготвени.

 

Американската мапа има 50 баталјони кои ќе се собираат на четири места

Документот на разузнавањето со мапа за можна инвазија, насловен „Потенцијал за 175.000 руски сили во близина на Украина: докази за планирање и неодамнешно движење на артилерија, опрема и работна сила“, е објавен од Вашингтон пост, за што добил и потврда од американски официјални лица.

Плановите на Русија предвидуваат воена офанзива врз Украина уште во 2022 година, со сили двојно поголеми отколку што видовме минатата пролет за време на вонредните руски вежби во близина на границите на Украина со оклоп, артилерија и опрема“, изјави претставник на администрацијата за Вашингтон пост, кој реши да зборува под услов да остане анонимен.

Некласифицираниот документ на американската разузнавачка служба објавен од овој американски весник, а во кој има сателитски фотографии, покажува како руските сили се собираат на четири места. Во моментов на бојното поле се распоредени 50 тактички групи, заедно со „новопристигнатите“ тенкови и артилерија, се вели во документот.

 

Украинската мапа ја вклучува и Белорусија во приказната

Украинците, од друга страна, ги проценуваат сегашните руски сили околу границата на 94.000, за разлика од Американците кои типуваат на 70.000 војници. Да потсетиме, украинската воена разузнавачка служба минатиот месец објави сопствена мапа со оценка за плановите на Русија за инвазијата. Во украинското сценарио, една од насоките на нападот би била од Белорусија, чиј претседател Александар Лукашенко е близок сојузник на Путин.

Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека планира да изврши државен удар во Киев истата таа недела. Тој обид за пуч, барем засега, не се случи.

Друг анонимен украински владин функционер за „Вашингтон пост“ изјави дека руските воени вежби спроведени на почетокот на оваа година во близина на границите на Украина, всушност, биле вежба за окупација.

Целта не е да се освои Украина туку Киев да капитулира

Официјални претставници на САД и Украина, но и воени аналитичари веруваат дека целта на руската инвазија, која би започнала од неколку фронтови, би била не окупација, туку капитулацијата на Киев, која би ги принудила Украинците и НАТО да обезбедат гаранции за почитување на таканаречената „руска зона на влијание“.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изрази загриженост за распоредувањето на ракетите на НАТО на украинска територија, кои би можеле да стигаат до Москва за седум до десет минути.

Поврзани содржини