Проститутка во САД нуди бесплатен секс на секој полицаец што ќе даде отказ ВИДЕО

1,088

Илјадници луѓе ширум САД протестираат протестираат поради смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај за време на бруталното апсење во Минеаполис.

Проститутка која присуствувала на протестот во Хјустон против расизмот и полициската бруталност, дала интересна понуда на полицајците, кои ги обезбедувале демонстрациите… Имено, таа понудила дека ќе има секс со секој кој ќе даде отказ.






– Ќе имам секс со секој полицаец што ќе даде отказ, денеска. Понудата важи до крајот на ноќта – рекла во видеоснимката сексуалната работничка со псевдонимот Финикс Дивајн.

Таа ја објавила видеоснимката на Твитер со описот: „Слушнав дека полицајците сакаат мито… вреди да се проба“.

Никој од полицајците не одговорил на понудата, барем не на видеоснимката, па останува непознато дали некој навистина го прифатил „широкоградиот предлог“. Светските медиуми, пак, јавуваат дека едниот од нив одговорил со: „Извини, но женет сум“.

На проститутката не ѝ се допаднало тоа што полицајците молчеле и ја гледале „бледо“, па во еден момент ги прашала присутните полицајци кој од нив ги злоупотребувале сексуалните работнички за време на работното време, пренесува „Раша тудеј“.

Видеото стана вирално на социјалните медиуми и за кратко време почнаа да се објавуваат интересни коментари.

– Доколку камерата не би била тука, полицаецот веднаш би „отишол“ – коментирал еден од корисниците на Твитер.

Поврзани содржини