ПРОСЛАВУВАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО Новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности

Од ЦУК апелираат за одговорно однесување и потсетуваат дека операторите на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции и координација се на должност и подготвени да одговорат на секој повик и потреба за итна медицинска, противпожарна или реакција на полицијата.

44

Центарот за управување со кризи (ЦУК) алармира новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности по здравјето и животот на луѓето и животните, како и материјалните добра и животната средина.

Оттаму потсетуваат дека операторите на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции и координација се 24/7 се на должност и подготвени да одговорат на секој повик и потреба за итна медицинска, противпожарна или реакција на полицијата.






-На сите граѓани и гости во нашата држава, Центарот за управување со кризи Ви посакува пријатна и весела новогодишна ноќ, да ја пречекаме Новата 2024 година во добро здравје и празнично расположение – порачуваат од ЦУК.

Поврзани содржини