ПРОШИРЕНА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА И ВО МАКЕДОНИЈА Бизнисменот Самсоненко и мајката на Камчев под санкции
Американската aмбасада во Скопје соопшти за одлуката на Министерството за финансии на САД, според која се воведуваат санкции против Ратка Куноска Камчева, мајка на бизнисменот Јордан Камчев, руско-македонскиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко.
Во соопштението се наведува дека Самсоненко, неговата сопруга и мајката на бизнисменот Камчев, се означени од САД, односно додадени на листата за санкции, бидејќи го помагале Јордан Камчев обезбедувајќи му материјална, финансиска или технолошка поддршка.
Според одлуката донесена во Вашингтон, имотот и контактите на лицата од црната листа во САД се блокирани, а на лицата од САД им се забрануваат трансакции со овие лица или со нивен имот.