Просечната плата во февруари се намалила за 324 денари во однос на јануари
Според податоците на Државниот завод за зтатистика просечната плата во февруари изнесува 27.948 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари (453 евра) и е за 2,7 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците зголемувањето се должи на повисоките просечни плати во секторите: „информации и комуникации“ од 10,1 отсто, „други услужни дејности“ од 8,2 отсто и во „рударство и вадење на камен“ од 7,5 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 9 отсто, „уметност, забава и рекреација“ за 6,4 отсто и „дејности на здравствена и социјална заштита“ од 4,1 отсто.
Во јануари просечната нето плата изнесуваше 28.272 денари што значи дека просекот е намален за 324 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.