📷 ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНАЛА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ГОДИНИТЕ КОГА ВЛАДЕЕШЕ СДСМ Бројките ја покажуваат реалноста, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6,7%, за разлика од 3,5% во време на СДСM. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДСМ беше власт. Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДСM. Во време на СДСM инфлацијата во просек изнесувала 4,8%, за разлика од сега кога во просек е 3,6%, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Просечната плата во досегашното владеење на коалицијата чиј предводник е ВМРО-ДПМНЕ реално се покачила двојно отколу во владата на СДСМ која владееше од 2017 до 2024 година, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и приложуваат графикон во соопштение до јавноста.
Според ВМРО-ДПМНЕ порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 6,7% за разлика од 3,5% во времето на СДСМ.
Во прилог е соопштението на партијата:
„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема.
Народот денес е побогат од времето на СДСM. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет.
Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:
Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10,3%, за разлика од периодот кога СДСM беше на власт, кога просечната плата порасна за 8,3%.
Уште поголем удар за СДСM е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДСM. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6,7%, за разлика од 3,5% во време на СДСM. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДСМ беше власт.
Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДСM. Во време на СДСM инфлацијата во просек изнесувала 4,8%, за разлика од сега кога во просек е 3,6%.
СДСM и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.