ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ФЕВРУАРИ ИЗНЕСУВАЛА 43.053 ДЕНАРИ Највисока била во ИТ секторот
Во февруари 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2025 година, изнесува 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16,6 %, Преработувачка индустрија за 11,5 % и за Образование 11,4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4,0 %, Дејности во врска со недвижен имот за 3,9 % и Преработувачка индустрија за 2,5 %.
Според податоците највисока просечна нето-плата овој месец има ИТ секторот од 83.409 денари, а најнизок просек е забележан во угостителството од 30.453 денари.
Во февруари 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.