ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 4,8 ОТСТО Во јули изнесувала 28.540 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 отсто повеќе од јули 2020 година

180

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (15,1 отсто), „уметност, забава и рекреација“ (14,2 отсто) и „други услужни дејности“ (13,5 отсто).





Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (7,5 отсто), „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ (4,3 отсто) и „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ (3,7 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 отсто повеќе од јули 2020 година
Поврзани содржини