ПРОСЕЧНАТА-НЕТО ПЛАТА ИЗНЕСУВА 45.961 ДЕНАР Највисок просек од 83.496 денари има во информатичката индустрија

Најниски плати имало во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“. Таму просечната плата изнесува 33.053 денари. 

68

Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.961 денар и е повисока од таа во ноември 2024 година за 9,4%. Бруто-платата изнесувала 69.141 денар, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „административни и помошни услужни дејности“ за 16,5%, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 11,1% и „трговија на големо и трговија на мало“; „ поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 10,9%.






И овој месец највисоки три просеци на плати имало во секторот „информации и комуникации“ од 83.496, во финансиските дејности од 61.623 денари и во секторот „снабдување со електрична енергија“ од 56.350 денари.

Најниски плати, пак, се исплатени во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“. Таму просечната плата изнесува 33.053 денари.

Разликата меѓу најнискиот и највисокиот просек на исплатена плата изнесува повеќе од 50.000 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ за 3,5%, „административни и помошни услужни дејности“ за 2,2% и „трговија на големо и трговија на мало“; „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 1,2%.

 

Поврзани содржини