ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ИЗНЕСУВА 45.466 ДЕНАРИ Еве кои сектори беа заслужни за нејзиниот раст

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец од минатата година.

2

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Статистика објасни дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „образование“ за 14,9%, „дејности на здравствена  и социјална заштита“ за 12,6%  и „транспорт и складирање“ за 11,5%.






Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „преработувачка индустрија“ за 3,5%, „јавна управа и одбрана“; „задолжително социјално осигурување“ за 1,8 % и во „рударство и вадење на камен“ за 1,1%.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец од минатата година.

 

Поврзани содржини