📷 ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 88,28 ЕВРА На македонската берза цената изнесува 96,96 евра

Според ЕДС Инфо поинт, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија.

432

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 88,22 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 96,96 евра/mwh, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт.

Според податоците на компанијата, цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 25,04 евра за мегават час, а на MEMO 30,27 евра.






Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 44,00 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 40,86 евра.

Фото: ЕДС Инфо поинт

„Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот, тимот нa ЕДС ја подготви оваа информација, имајќи ја предвид важноста е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето“, порачуваат од компанијата.

Според ЕДС Инфо поинт, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Поврзани содржини