ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА Е 174,06 ЕВРА Во Македонија цената изнесува 140,58 евра
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 21 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 174,06 евра/mwh, додека на MEMO цената е 140,58 евра/mwh, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт.
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт, во соопштение за дневните цени на берзите.
„Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 21 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 174,06 евра/mwh, додека на MEMO цената е 140,58 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 152,86 евра за мегават час, а на MEMO 98,90 евра“, се вели во соопштението.
Компаниајта истакнува дека цената на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 81,13 евра за мегават час.
„Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 62,80 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 66,13 евра“, се додава во написот.
ЕДС Инфо поинт посочува дека информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, подготвени од експертскиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.