ПРОСЕЧНА КАМАТА НА КРЕДИТИТЕ Е 5,49 ОТСТО На депозитите банките просечно исплаќаат камата од 1,8 отсто
Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во мај изнесувала 5,19%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 5,49% и на месечна основа е намалена за 0,02 процентни поени, а на годишно ниво бележи раст од 0,40 процентни поени.
Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 1,86% и бележи месечно и годишно зголемување од 0,04 и 0,64 процентни поени.
Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка изнесува 5,19% и месечен и годишен пад од 0,28 и 0,13 процентни поени, а кај депозитите изнесува 2,36% и на месечно ниво е намалена за 0,18 процентни поени во услови на годишен раст од 0,43 процентни поени.