ПРОРАБОТЕ СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Роковите се продолжуваат за 9 дена

Доколку деветтиот ден е неработен, рокот се продолжува до првиот следен работен ден, појаснуваат од Бирото за јавни набавки.

90

Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) е целосно надминат и сите постапки за јавни набавки може непречено да продолжат, информираа од Бирото за јавни набавки.

Оттаму информираат и дека сите рокови за тековни постапки во времетраењето на техничкиот проблем ќе бидат соодветно продолжени за 9 дена во истиот определен час.






– Доколку деветтиот ден е неработен, рокот се продолжува до првиот следен работен ден- појаснуваат од Бирото за јавни набавки.

Продолжувањето на роковите, како што информираа оттаму ќе се однесува на  крајниот рок за поднесување на понуди и јавно отворање ( пример- за постапка која имала краен рок 18.04.2022 во 11.00 часот, истиот се пролонгира и ќе биде 27.04.2022 година во 11.00 часот), потоа за крајниот рок за поставување на прашања и одговори пред јавно отворање и за објава на Известување за измени и дополнителни информации во постапката.

Исто така се продолжува и рокот за почеток на е-Аукција односно пролонгирање на веќе закажаните аукции (пример-за аукција која била закажана дека ќе се спроведе на 19.04.2022, рокот ќе биде пролонгиран и истата ќе се спроведува на 28.04.2022 година) како и за роковите за жалби по јавни набавки

 

Поврзани содржини