ПРОРАБОТЕ ПЛАЌАЊЕТО ПАРКИНГ СО СМС Оштетените да си побараат поврат на парите
Оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување, писмено преку е-пошта на [email protected] – велат од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.
Проблемот со наплаќање паркинг преку СМС-пораки е решен – информира ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кое, како што известува, успешно го завршило процесот на надградба на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга.
„До корисниците на нашите паркинг услуги упатуваме извинување. Воедно, оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување, писмено преку е-пошта на [email protected], кадешто ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистерска таблица, дата и време на паркирање, телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона кадешто било паркирано возилото“ – информира јавното претпријатие.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје тврди дека проблемот со наплатата преку СМС-порака воглавно се должел на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, и бил надминат уште во понеделникот, но бил оставен тест период од три дена.