Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите месинџер и Трејдс повторно работат. Апликациите на компанијата Мета престанаа да работат околу 16.30 часот, а проблемот наводно бил до нивните сервери.
Причината веројатно е голем прекин на серверот во матичната американска компанија Мета, јавуваат светските медиуми.
Веб-страницата за следење на состојбата на онлајн сервисите „Down Detector“ покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Проблеми имаше низ целиот свет.
Сопственикот на платформата Х Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради падот на Фејсбук и Инстаграм.
Корисниците на Х масовно му поставуваа прашања Маск за падот на апликациите на Мета.
„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот профил на Х.