ПРОПУШТИВМЕ ШАНСА ЗА ПОБЕДА СО ПОРТУГАЛИЈА Женските ракометарки од младинската репрезентација утре ќе се соочат со Црна Гора
Најефикасна во Македонија беше Сара Стефаноска со девет погодоци, пет постигна Борјана Коцева, а четири Ива Младеновска.
Женската младинска репрезентација на Македонија пропушти голема шанса во првото коло од главната фаза да забележи победа и освои само бод против Португалија (28:28), иако на 3 минути пред крајот имаше 3 гола предност.
Утре Македонија игра со Црна Гора, која денес силите ќе ги одмери со Исланд кој е фаворит на оваа средба.
Првиот дел беше израмнет и двете репрезентации се менуваа во водство, но не успеаја да направат голема предност и на полувреме се замина со 14:13 во корист на Португалија.
По стартниот гол за водство од 15:13 за Португалија, Македонија направи убава серија и дојде до преднос од 21:18 и таа предност ја луваше до пред самиот крај кога дозволи Португалија да направи серија од 3:0 и да дојде до израмнување на 28:28, што беше и конечен резултат на овој натпревар.
Најефикасна во Македонија беше Сара Стефаноска со девет погодоци, пет постигна Борјана Коцева, а четири Ива Младеновска.