ПРОПАГАНДИСТОТ НА КРЕМЉ ВО БЕС И ВО СОЛЗИ „Вие сте гомна, зошто избегавте, нема место за вас во Русија!“ (ВИДЕО)
Ќе плачеш дека никој не те разбира, но ти си ***о на Руска земја! Ти си повраќаницата на руската земја! Нема место за тебе во мојата татковина, не си го заслужил! Умри во сопствената повраќаница! И нас нѐ викаш пропагандисти? Ние сме патриоти, заклучи Соловјов.
Пропагаторот на Кремљ, Владимир Соловјов, одржа монолог на руската државна телевизија во кој ги нападна непријателите и предавниците на рускиот народ, пишува Њузвик. Многумина велат дека ова е најемотивниот негов говор кој вклучуваше и бес и солзи.
– Не ми продавајте бајки, ние сме во војна со НАТО! Сакаш мир? Сакаш да седиш под сукњата на мајка ти? Татковината е во опасност! Нема поголема чест и среќа од тоа кога човек ќе загине за неговата земја и за неговите другари – налутено вели Соловјов.
– Побегнавте во Израел, Грузија, Балтикот, Ерменија, Казахстан, каде било! Бегавте ли од војната? Не, избегавте од својата татковина! Вие сте слуги на нацистичкиот режим! Ќе плачеш дека никој не те разбира, но ти си ***о на Руска земја! Ти си повраќаницата на руската земја! Нема место за тебе во мојата татковина, не си го заслужил! Умри во сопствената повраќаница! И нас нѐ викаш пропагандисти? Ние сме патриоти – заклучи Соловјов.
Maybe the best, the angriest, the loudest and the most surreal outburst by Solovyov so far. https://t.co/qmDGzkJbpv
— Štefan Auer (@stefanauer_hku) November 25, 2022
Но, потоа се чинеше дека Соловјов ја критикува и Русија. Тој објасни дека во една од неговите емисии еден гостин раскажал приказна за страшна трагедија која се случила и сѐ уште трае, а се работи за човек во Русија кој исчезнал, а неговото семејство добило само едно писмо.
– Според документите доставени од В.В. Панченко, само се потврдува дека воениот комесаријат во Ставрополскиот регион не го испратил А.В. Панченко во специјална воена операција – рече тој.
– Тој документ го потпишал самиот министер, а токму тој министер одлучил дека неговото семејство нема да биде обештетено за херој кој го дал животот за својата земја – продолжува Соловјов.
– Можеле да напишат: „Па, не те испративме ние таму…“ – рече тој со солзи во очите, а потоа го постави прашањето:
– Спијат ли цврсто ноќе? Прво, татковината вели: „Сине, ми требаш“, а потоа: „Не те пративме, не си во нашата база“ – рече Соловјов бришејќи ги солзите и продолжи:
– Па како заврши во војска, тие копилиња ни фрлаат дамка на сите нас, на нашата држава, и дека таа е поголема од секој бирократ!