ПРОПАГАНДИСТИ ПЛАТЕНИ ОД ТРЕТИ ДРЖАВИ НÈ ОДДАЛЕЧУВААТ ОД ЕУ! Ковачевски со борбен настан на трибина „Ние сме Европа“

Претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија - смета Ковачевски.

464

Оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија – тоа е суштина на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“ – изјави синоќа премиерот Димитар Ковачевски, на првата отворена трибина во рамки на владината кампања „Ние сме Европа“.

– Сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети држави кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија, кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизнисни сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава – претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија – посочи Ковачевски.






Трибината се одржа во Скопје, а на неа Ковачевски говореше и за економските придобивки од членството во ЕУ.

Ковачевски рече дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ – 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија.

– Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на ТВ Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија, а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека С. Македонија ќе биде подготвена – истакна Ковачевски.

Поврзани содржини