ПРОПАДНА ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА „СЛАВИЈА“? Вработените прво ќе си ги бараат платите и придонесите

Неофицијално, Агенцијата пред Македонска берза го образложила откажувањето на продажбата со поведената постапка на поранешни вработени на „Славија“, кои бараат акциите, а со тоа и имотот на друштвото да не се продаваат, додека не си ги наплатат заостанатите плати и придонеси.

4,180

Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорот Фатон Асани, се откажа од намерата за продажба на АД Славија, дознава Фокус. Според порталот, на барање на Агенцијата е откажана јавната берзанска аукција, која, според огласот објавен на почетокот на месецов, требаше да се одржи во понеделник, вторник и среда, со почетна цена од 218.000 евра.

Неофицијално, Агенцијата пред Македонска берза го образложила откажувањето на продажбата со поведената постапка на поранешни вработени на „Славија“, кои бараат акциите, а со тоа и имотот на друштвото да не се продаваат, додека не си ги наплатат заостанатите плати и придонеси.






фото: твитер/принтскрин

Ваквиот епилог следува откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта преку Агенцијата за конфискација сака на блиски луѓе да им продаде за 218.000 евра имот, кој, според партијата, вреди над 20 милиони евра.

Од Агенцијата, пак, се правдаа дека 70 отсто од имотот на друштвото е нетранспарентно распродаден за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, поради што сега, посочуваат од таму, друштвото вреди далеку помалку, особено поради високите долгови.

И покрај различните информации за обврските на „Славија“, факт е дека имотот е уште атрактивен, а ги содржи управната зграда близу ФОН, магацините во Кисела Вода, објектот на Рузвелтова и други објекти.

Поврзани содржини