ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Вреди вели дека Таравари не успеал во пазарот со Ахмети

Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато. Не помогна ниту Олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова се вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството, велат од Вреди.

289

Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна, обвинува Вреди во соопштение до јавноста.

„Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато. Не помогна ниту Олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова се вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството.






Идејата за плурализам, демократија и борба против корупцијата победи на изборите, победи и во овие матни игри и повторни обиди за делење на албанското политичко ткиво. Али Ахмети веќе нема сила со поделби на Албанците да биде власт, да одлучува сам, да се богати неговата фамилија, да ги брка нашите деца надвор од државата.

Вреди е горд на демократијата и плурализмот кој ги донесе, додека ДУИ сака една партија да владее. Вреди е горд дека ги обединува Албанците, додека ДУИ ги дели. Вреди е горда дека донесе одговорност за корумпирани политичари, додека ДУИ сака да ги заштите криминалците од нивните фамилии. Вреди е горда дека е демократска, додека ДУИ е партија на едно семејство.

ДУИ треба да се помири дека ќе остане во опозиција уште долги години. Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ. ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира.

Вреди е со народот, партнерите и победата“, велат од партијата Вреди.

Поврзани содржини