ПРОПАДНА ПЕТИЦИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ ЗА ОДБРАНА ОД МРАЧНО МИГРАНТСКО СЦЕНАРИО Не успеа да собере повеќе од 2.125 гласови за цел месец

Со други зборови, фалат 47.875 гласови за да се дојде до потребните 50.000. Петицијата покрената пред повеќе од еден месец е завршена.

9

Само 2.125 граѓани ја потпишале онлајн-петицијата за одбрана на Македонија од наводните мигранти и мигрантски кампови која на 9 декември ја покрена лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Со други зборови, фалат 47.875 гласови за да се дојде до потребните 50.000. Петицијата е завршена.






Коментирајќи го катастрофалниот неуспех на петицијата, новинарот Богдан Илиевски на Фејсбук пишува:

„Еве како заврши организираната одбрана на татковината од страна на загрижениот војвода патриот Фенко. 2.000 потписи од планираните 50.000. Чисто да сте во тек и со бројките малку, кога велат ‘сè е јасно, разоткриени сте, ништо не треба да се објаснува повеќе’. E, така стојат бројките кои се – јасни. Бог се родил!“

СДСМ со месеци повторува дека постои мрачно сценарио за отворање мигрантски кампови во Македонија и покрај бројните прогласи на владата дека такво нешто немало ниту ќе има.

Поврзани содржини