ПРОПАДНА И ТРЕТИОТ ПОВИК ЗА ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ Иако Арсовска најави дека има пријавени, сепак Град Скопје денеска објави нов оглас

Денеска на веб страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови како и на претходниот. Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи. Огласот е отворен до 24 април.

414

Сагата со приватните превозници продолжува, и иако беше најавено дека тие наскоро ќе се вратат на улиците, Град Скопје денеска повторно објави идентичен јавен повик откако пропадна третиот за доделување на линии во јавниот превоз.

Денеска на веб страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови, како и на претходниот. Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи. Огласот е отворен до 24 април.






Зошто не е успешен повикот од Град Скопје не кажуваат, иако Арсовска пред три недели кажа дека имало пријавено превозници на огласот. Скопје веќе петти месец е без редовен јавен превоз, но градоначалничката не објаснува дали воопшто има намера да ги врати превозниците и до кога планира да ги малтретира граѓаните кои со часови чекаат автобус.

ЈСП „Скопје“ има долг кон приватните превозници од 1,5 милиони евра и токму поради тоа тие во декември престанаа да возат. Откако се скара со приватниците, градоначалничката Арсовска  велеше дека тие не му требаат на јавниот превоз, дека ЈСП „Скопје“ има доволен капацитет и автобуси да ги замени овие линии и дека пари веќе нема да одат во приватни џебови.

Кон почетокот на март имаше средба претставници на приватниците, меѓу кои не беше Ленин Јовановски од „Слобода превоз“. По средбата рекоа дека сега конечно бил постигнат договор и дека покрај нов оглас за истите линии кои ги возеа со години им било ветено и дека ќе им се исплати долгот. Приватниците рекоа дека според договорот со Арсовска ќе се вратат на улиците на почеток на април. Но, ништо и од ова ветување. Без редовен превоз скопјани ќе бидат уште најмалку два месеца, ако Арсовска не одлучи да го поништи и новиот, четврти оглас.

Поврзани содржини