ПРОПАДНА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КРИПТО БАНКИ Регулаторите на САД ја затворија Signature Bank

Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити во заедничка изјава синоќа соопштија дека ја затвораат банката.

288

Американските регулаторни власти ја затворија Signature Bank која една од главните банки во крипто индустријата со седиште во Њујорк.

Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити во заедничка изјава синоќа соопштија дека ја затвораат банката.






„Американските регулатори донесоа одлука да го спречат ширењето на банкарската криза со затворање на банката, која е главен доверител во крипто индустријата“, се наведува во соопштението.

Регулаторите изјавија дека клиентите на Signature Bank имаат целосен пристап до нивните депозити, за да можат да си ги вратат парите. Сите ќе бидат обештетени.

Минатата недела и крипто-банката „Silvergate“ објави дека ќе се ликвидира.

Поврзани содржини