Иако се разидоа уште во 2016 година, односот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли сѐ уште е напнат. Ситуацијата, пишува „Дејли мејл“, неодамна се влоши до тој степен што поранешните сопружници нагло ја прекинаа семејната терапија пред судењето за старателство над нивните шест деца закажано за следниот месец.
„ЈуЕс Викли“ тврди дека Пит и Џоли повторно жестоко се расправаат околу распределбата на времето што секој треба да го помине со Пакс (16), Захара (15), Шајло (14) и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. На најстариот син, 19-годишниот Медокс, му е дозволено да избере со кого сака да биде во контакт, а тој, се шпекулира, веќе некое време не сака ниту да го слушне ниту да го види татка си.
Бред сака делумно физичко и законско старателство над децата, но Анџелина не сакаше да ги прифати неговите услови. Актерката одбива да разговара за договор за старателство сè додека Лос Анџелес се наведува како родителска основа за децата. Имено, помладите одат на училиште таму, на што Џоли отсекогаш се спротивставувала. Исто така, Џоли наводно сака да се пресели во Велика Британија со своите деца.
Џоли и Пит се венчаа во 2014 година на имотот на Шато Миравал во Прованса. Пит неодамна беше таму со својата нова девојка, германската манекенка Никол Потуралски (27), поради што наводно Анџелина полудела од бес. Наведениот имот, вклучително и замокот и лозјето, го купија Пит и Џоли во 2011 година за 60 милиони долари.
– Тој знаеше што прави – точно околу годишнината од бракот со неговата поранешна сопруга, ја однесе неговата нова девојка Никол во Шато Миравал … Едноставно не му е гајле дали Анџелина ќе збесне, но може да се очекува тоа да го стори – изјави извор близок до славниот актер.