ПРООДНО КОН ПОПОВА ШАПКА, ЗАСТОЈ ВО БЕРОВО Укината забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка

Според информациите од АМСМ и ЈП „Македонија пат“, останува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Маврови Анови, додека забрана за сите видови возила има на патниот правец Берово - Беровско Езеро и на патот Берово-Струмица. 

120

Авто мото сојузот на Македонија информира дека од 15:30 часот е укината забраната за автобуси и камиони на патниот правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од село Лисец кон Попова Шапка.

Претходно, од 14:30 часот беше укината забраната за тешки товарни возила и на патниот правец од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир.






Според информациите од АМСМ и ЈП „Македонија пат“, останува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, додека забрана за сите видови возила има на патниот правец Берово – Беровско Езеро и на патот Берово-Струмица.

Поврзани содржини