ПРОНЕВЕРА ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Финансиската полиција уапси едно лице
Основното јавно обинителство Прилеп минатиот месец почна предистрага поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Финансиската полиција тогаш изврши претреси на 8 локации.
Од неофицијални извори дознаваме дека Финансиска полиција уапсила едно лице, кое е поврзано со предметот со ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп. Станува збор за проневера во износ од неколку милиони денари.
Основното јавно обинителство Прилеп минатиот месец почна предистрага поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Финансиската полиција тогаш изврши претреси на 8 локации, а Обвинителството соопшти дека е обезбедена целокупната документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година. Беа извршени проверки на тендерската и на целокупната книговодствена и сметководствена документација.
Предистражната постапка потоа продолжи и со други дејствија за обезбедување докази.